Палмиерс лиснати грицки
Соленки грицки од замрзнато лиснато тесто е рецептот кој денес одлучив да го споделам навистина брзи ако немате многу време за по кујна, а случајно ви се најавиле гости мојот предлог е токму ова.
Двете кори од лиснатото се сукаат со дебелина од 5 мм. се премачкува млечен намаз и се ренда виршла по една на секо парче лиснато тесто. Се виткаат од краевите почнувајки од двата краеви( по должина) кон средината од двете страни, малку кога се соединат се подстегнуваат, добиениот ролат се сечи на парчиња дебели околу 1 см секогаш за попрецизно сечени парчиња користам остар нож кој секако е потребен и во овај случај.
Се редат легнати на плех со хартија се печат на 220 впрочем како и секое лиснато тесто на појака температура да се подотворат. Е сега уште една забелешка само пропуштив нуди многу можности ваквиот начин на подготовка па повелете експериментирајте ентузијасти, традиционалисти и експерименталисти сеопфатно..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови