8
дек
2012
Паста со тиквички и пекорино
Во тенџере на оган со солена вода ставете ги макароните да се варат.
Во тава ставете го путерот да се растопи и додајте го чешнето лук(згмечено)малку да се пропржи. Додајте ја и тиквичката исечена на тенки кругови и оставете ја да се пржи.
При крај на пржењето додајте го доматниот сос, посолете, наросете црн бибер и оставете кратко да поврие.
На крај додајте ги во тавата сварените макарони, сувиот босилек и убаво промешајте.
Послужете ги топли со парчиња пекорино огозгора.
Лиценца: Сите права се задржани