5
јул
2013
Паста италијана со рукола и тиквички
Тестенините сварете ги и исцедете ги од водата.
Во загреано масло ставете ги на четвртини со дебелина од 5 мм исечените зелени тиквички со лушпа. Додадете го на коцки исечениот домат и ситно исецканото лукче. Посолете. Оставете да се динстаат околу 10 минути, потоа додадете и малку доматен сос, оригано и босилок. Динстајте уште 5 минути. Во готовата смеса ставете ги исцедените тестенини. Сервирајте ги во чинија и во неа додадете свежа рукола исечена на покрупни парчиња. Измешајте ја со тестенините и наросете со пармезан.
Пријатно јадење!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови