16
сеп
2014
Италијана од палента, зденка и зеље
Водата ја ставаме да врие. Откога ќе зоврие ја истураме палентата и вариме неколку минути, се посолува по вкус и се трга на страна.
Фил 1-обареното зеље ситно го сецкаме и го мешаме со урдата
фил 2-зденката заедно со павлаката ги гмечиме со вилушка
Калапот го обожуваме со фолија и ја премачкуваме со малку масло, ставаме неколку лажици од варената палента и ја филуваме со првиот фил, потоа повторно ставаме палента па филуваме со вториот фил, ставаме повторно палента и премачкуваме со ајвар, а врз ајварот ја редиме исцепканата зелена пиперка и повторно ставаме палента. Го ставаме во фрижидер неколку часа за да се стегне.
На здравје !!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
http://moirecepti.mk/post/%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0