Паста италијана со рукола и тиквички
Состојки
- 300 гр интегрални тестенини фусили
- 1 зелена тиквичка
- 1 голем домат
- 1 китка свежа рукола
- 2,3 лажици доматен сос
- 2 чешниња лук
- по желба оригано
- по желба босилок
- 2,3 лажици пармезан
- по желба сол
- по потреба ладно цедено сончогледово масло
Подготовка
Тестенините сварете ги и исцедете ги од водата.
Во загреано масло ставете ги на четвртини со дебелина од 5 мм исечените зелени тиквички со лушпа. Додадете го на коцки исечениот домат и ситно исецканото лукче. Посолете. Оставете да се динстаат околу 10 минути, потоа додадете и малку доматен сос, оригано и босилок. Динстајте уште 5 минути. Во готовата смеса ставете ги исцедените тестенини. Сервирајте ги во чинија и во неа додадете свежа рукола исечена на покрупни парчиња. Измешајте ја со тестенините и наросете со пармезан.
Пријатно јадење!