Со миксер се матат водените состојки и на нив со лажица им се додаваат предходно измешани сувите.
Смесата се остава да одстои еден час и потоа се печат на тавче.

Треба да дојдат во дебелина како американските палачинки, но јас ги сакав вака потенки. Место 350 гр млеко, ставив 200 гр и додадов уште 200-250 гр вода. Тиквеното пире ми беше од варена тиква и оставено поводесто, па ако ги сакате и вие вака потенки регулирајте со додавање на водата

Одлични се филовани со пудинг(мене така највкусни), некој крем или како на сликата-пасирана банана, сок од половина портокал (ако не ви е благо додајте си шеќер) и 2 лажици млеко проварете ги на тивок оган, додека се добие саканата густина. Место сок од портокал, бананата мижите да ја комбинирате и со киви на пример...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани