24
фев
2013
Палачинки со тиква и јаболко
Тиквата ја рендаме исто и излупеното јаболко. Ги ставаме заедно во тава на оган додаваме млеко или вода и динстаме додека тиквата не омекне на умерена температура. Тргаме од оген и оставаме да се излади.
Во оладената смеса додаваме јајца, шеќер, сол и брашното и мешаме со лажица да се соедини смесата. Загреваме тава со малку масло и со лажица ставаме од смесата за палачинки во давата и оформуваме мали палчинки ги пржиме од двете страни. Готовите палачинки ги послужуваме со мед, цимет и малку сусам.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ama, sepak, primamlivi mnogu!!!!