Најпрво подгответе го кремот од лимон еден или два дена порано за поубаво да се стегне.
Во еден сад со вилушка убаво изматете ги јајцата.
Во тенџере ставете ги шеќерот, ванилата, путерот исечен на коцки, кората и сокот од лимонот и на тивок оган ставете ги малку да се загреат додека да се стопи шеќерот и путерот но внимавајте да не зовријат.
Тенџерето тргнете го од огнот и со постојано мешање со жица додавајте ги јајцата. Потоа вратете го на огнот и со постојано мешајте додека кремот се згусти како пудинг и почне да врие.
Се трга од огнот, се покрива и се остава целосно да олади во фрижидер.
Подготовка на палачинките
Во сад се ставаат сите состојки и со миксер малку се матат да се изедначат.
Од смесата на загреана тава се печат палачинки и се покриваат со фолија и крпа да омекнат и оладат.
Секоја палачинка намачкајте ја со кремот и завиткајте ја како триаголник. Посипете ги со шеќер во прав и послужете ги.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани