Испечати

Палачинки со крем од лимон

Палачинки со крем од лимон

Состојки

  • Смеса за палачинки
  • 2 чаши од 200 мл млеко
  • 2 чаши брашно
  • 2 јајца
  • 1 ванилин шеќер
  • 3 лажици масло
  • Фил - крем од лимон
  • 200 мл исцеден сок од лимон
  • 200 гр путер
  • 250 гр шеќер
  • 6 мали јајца
  • 1 ванилин шеќер
  • изрендана кора од два лимони

Подготовка

Најпрво подгответе го кремот од лимон еден или два дена порано за поубаво да се стегне.
Во еден сад со вилушка убаво изматете ги јајцата.
Во тенџере ставете ги шеќерот, ванилата, путерот исечен на коцки, кората и сокот од лимонот и на тивок оган ставете ги малку да се загреат додека да се стопи шеќерот и путерот но внимавајте да не зовријат.
Тенџерето тргнете го од огнот и со постојано мешање со жица додавајте ги јајцата. Потоа вратете го на огнот и со постојано мешајте додека кремот се згусти како пудинг и почне да врие.
Се трга од огнот, се покрива и се остава целосно да олади во фрижидер.
Подготовка на палачинките
Во сад се ставаат сите состојки и со миксер малку се матат да се изедначат.
Од смесата на загреана тава се печат палачинки и се покриваат со фолија и крпа да омекнат и оладат.
Секоја палачинка намачкајте ја со кремот и завиткајте ја како триаголник. Посипете ги со шеќер во прав и послужете ги.