Падобранци (со густин во филот)
Ова е уште една од варијантите на падобранците, според мене најдобра. Ја имаа крцкавата коричка, а внатрешноста им е совршено мека и сочна.
1. Измелете ги оревите.
2. Во тенџере ставете три прста вода и на уморен оган оставете да врие. Веднаш во друго тенџере ставете ги оревите, шеќерот и белките. Врз садот со вода поставете го тенџерето со состојките и мешајте додека да се растопи шеќерот. Потоа ќе треба на секоја минута до две повремено да мешате додека смесата не добие на гостина т.е не се сварат состојките. Во зависност од садовите и јачината на ринглата процесот трае од 25 до 35 минути.
3. Оставете го садот да се лади, но не во фрижидер зошто така ќе фати коричка. Кога ќе можете да брцнете прст внатре и да е млако, ставете ја лажицата со брашно ( која мора да е преполна ) и брзо мешајте.
4. Во меѓувреме, во друго тенџере кое може да е помало, изматете ги жолчките со шеќерот и ставете го на пареа. Овој процес трае пократко, околу 15 минути, но треба постојано да мешате за да не ви се направат грутки.
5. Тргнете го садот настрана и ставете го маргаринот кој е попрактично на коцки да е исечен. Матите со миксер додека не добиете хомогена смеса.
6. Растопете го чоколадото исто на пареа и измештајте го во филот со жолчки. Можете веднаш да го ставите во фрижидер за да не ви биде течен за филување.
7. Кога смесата за падобранците ќе е доволно изладена, на плекче облежено со хартија ставајте од нејзе. Можете со шприц ако сакате да имате идентични форми, но можете и со мала лажичка. Оставете доволно растојание зошто се шират после неколку минути.
8. Печете на загреана рерна од 150 степени, околу 18 минути. Можете и да проверите дали се готови. Кога ќе ги допрете одозгоре треба да се меки, но да ја имаат фатено потребната кора.
9. Оставете да се изладат и тогаш може да ги филувате.
Мене ми излегоа 13 со средна големина, по желба дозата можете да ја дуплирате или да ги правите помалечки. Во тој случај времето на печење скратете го за 2 минути.
Во врска со чоколадото. Може да биде чоколадо за готвење или темно чоколадо со висок процент на какао. Во никој случај да е млечно. А познавам случаеви каде што во оваа смеса имаат ставено по три лажички какао, можете и така да се обидете. Сепак останува по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Тестото е слично со орасниците, само што белките нема потреба претходно да се матат, се мешаат со оревите и шеќерот и се ставаат на пареа. Треба да е тивок оганот т.е водата да не врие прејако и околу половина час постојано да се меша. Се приметува кога е доволно згустена смесата, а кога ќе се излади и додаде брашното ја добива цврстина уште повеќе.
Обиди се, јас сум сосема сигурна дека ќе успееш од прва. Кога ќе помислам на Сникерс плочките, не верувам дека постои нешто што не би успеала да направиш. :)) Ми останаа во мисла, а храброст се уште немам собрано.
ајде просветлете ги неписмените мрцини :) :) :) :)
биберче, отвори си слаткара после овој рецепт, а и фотографијава топ! :)
Лудо, фала ти и тебе за коментарот, сугестијата ќе ја имам во предвид за некои други времиња. :))
Cestitki!