Овој рецепт ми го испрати тетка ми од Загреб, стално ми ги фалеше ролничкиве дека се преубави, па ајде реков да се испробам, и навистина се одлични.

Подготовка

Прво припремете го филот со едноставно мешање на јајцата со останатите состојки за фил.
Се земаат 4 кори, врз секоја кора (освен врз првата) се става фил 2-3 лажици и се редат една врз друга, а на 4тата се става сирење или зајре по желба. Значи кора, кора, фил, кора, фил, кора, фил, па зајре. Зависи како имате кори, така ќе ги прилагодите. Во моето пакување имаше 18 кори, така направив 3 ролни по 4 кори, и останатите 2 ги направив со по 3 кори.
Редете ги на плех обложен со хартија за печење.

На крај прелејте ги со млекото и маслото, засечете ги и наросете сусам. Оставете да отстојат 15тина минути, па ставете да се печат на 200 степени додека убаво не поруменат.

Совет- Користете поширок плех ако имате за да има простор меѓу ролните.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови