Го видов рецептот и со мала промена го направив.
Воодушевена од нивниот вкус.
Пробајте.

Прво во вангличка ставете ги квасецот, шеќерот и малку брашно.
Нека се активира квасецот, па постепено додадете ги останатите продукти.
Замесете убаво мазно тесто.
Покриено нека одстои 30 минути.
Потоа се дели тестото на топчиња-симитки.
Јас направив 35 топчиња од оваа количина на тесто
убаво формирајте ги и редете ги во плех.
Се премачкуваат со изматена жолчка и едно лажиче масло.Со ноже или ножица направете мал пресек.
по желба се наросуваат со сусам.
Се печат на 200 степени додека не добијаат убава боја.
Уживајте со прилог по ваш вкус..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани