Ова е еден калаплиски колач кој ја завзема формата во која ќе го ставите. Овој пат за побрзо дејствување го сместив во силиконскиот калап на Делимано. Инаку доколку сакате можете да го распоредите во каква сакате силиконска форма...

Подготовка
1. Дел од млекото одвојуваме и во него ставаме шеќер и густин, го соединуваме да нема грутчиња.
2. Останатото млеко го ставаме да почне да врие заедно со кокосовото брашно.
3. Растворениот густин го додаваме кон млекото и со маталка матиме додека да се згусне. Потребно е постојано промешување за да не дојде до загорување и згрутчување на смесата. Кон крајот додаваме ванила екстракт.
4. На дното од силиконскиот калап посипуваме кокосово брашно. Ја распоредуваме топлата смеса, редиме бисквити врз неа и оставаме добро да излади.
5. Откако ќе излади го превртуваме колачот и го прелеваме со малина прелив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани