Прво цврсто ги матиме белките со шеќерот и прстофат сол. Ги истураме и оформуваме кругови на шартија за печење во плех. Јас направи два поголеми круга во двата плехови. Може и три помали ( два во еден плех, еден во другиот). Ги ставаме двата плеха заедно во рерна и ги сушиме на 140 степени 1 час.

Жолчките ги вариме на пареа и кога се готови додаваме 100 грама чоколадо. Го оставаме кремот да се лади.

Ја матиме слатката павлака.

Внимателно ги острануваме оладените корите од хартијата и ја ставаме првата на чинија за сервирање и врз првата кора го нанесуваме половина од чоколадниот крем кој веќе е оладен и потоа половината од слатката павлака, врз неа го редиме овошјето. Потоа се повторува постапката.

Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови