Ситно секаниот кромид и праз пропржете ги со маста на средно силен оган. Додајте го оризот и пропржете го кратко. Потоа во 3 наврати додавајте ја водата и повремено мешајте. Вода се додава откоако ќе испари предходната додадена доза. Со последната доза на вода додајте ја коцката за супа и куркумата. Варете додека испари течноста и на крај зачинете со црн бибер и сол.

Во длабок сад измешајте го со жица за матење сите состојки за премачкување редоследно. Маслото на крај додавајте го во повеќе наврати за подобро да се хомогенизира смесата.
Намастете четвртаста тава (33х22) Наредете 4 кори кои меѓусебе ќе ги премачкувате со по околу 3 лажици од смесата за премачкување. Кога ќе ја ставите 4та кора и премачката со смесата, врз неа ставете по околу 3-4 лажици полни од филот и премачкајте. Понатаму секоја кора се премачкува со смесата за премачкување, а над секоја втора освен смесата над неа премачкуваме со филот од ориз. Доколку ви се потроши филот за ориз, спрема рецептот, последните 4 кори се премачкуваат само со смесата од јајца. Врз последната кора исто така се прелива со остатокот од смесата со јајца и со вилушка се боцка на повеќе места.

Рерната предходно треба да е загреана на 250Ц. Ја ставате тавата во загреаната рерна и веднаш намалувате на 200Ц. Се печи 20на мин.

Послужете со свежа салата, јогурт, кисело млеко...
Убава е и топла и ладна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани