Во сад изматете ги јајцата и млекото. Посолете ги и наросете мелен црн бибер.
Во крем сирењето додајте го ориганото и убаво разбијте го.
Виршлите и валеријаната ставете ги да се обарат.
Валеријаната бидејќи е со нежни ливчиња обарете ја сосема кратко, 1-2 минути.
Во тава ставете масло да се загрее и додајте ги изматените јајца.
Откако омлетот ќе се испржи убаво, превртете го и испржете ја и другата страна.
Испржениот омлет оставете го убаво да се излади, а потоа премачкајте го со крем сирењето измешано со оригано.
Одозгора низ целата површина нанесете ја валеријаната.
Виршлите ставете ги на долниот дел од омлетот.

Внимателно завиткајте го филуваниот омлет во ролат.
Исечете на парчиња и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани