Овошни безглутенски американски палачинки (посно)
Во сад ставете го оризовото или бадемовото млеко и додадете го оцетот оставете ја оваа комбинација да одстои 10минути. Потоа додадете го чиа семето и оставете уште 5 минути. Во друг сад измешајте ги брашната, содата, прашокот за пециво и солта. Во оваа мешавина сега сипете ја мешавината од млеко, оцет и чиа и додадете 2 лажици маџун. Измешајте убаво и на керамичка или тефлонска тава за палачинки ставете малку кокосово масло по желба и нанесете во средина 2 лажици од смесата,формирајте круг и нанесете од капините или другото овошје. Печете 2 минути од едната страна и превртете ја палачинката печете уште 1-2 минути и извадете ја. Постапката овторете ја додека не ја истрошите целата смеса. Сервирајте по желба со слад, јас користев агавин сируп и комбинацијата верувајте е феноменална а здрава и за оние кои се на строга безглутенска диете (за жал, се почесто има и такви) па еве нешто безбедно а вкусно и за нив. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови