Овошни безглутенски американски палачинки (посно)
Состојки
- 1 чаша пченкарно брашно
- 1/2 чаша мелени овесни сегулки (овесно брашно)или оризово
- 2 лажички оцет било каков
- 1 чаша бадемово или оризово млеко
- 1 лажиче прашок за пециво
- 1 лажиче сода
- 1 лажиче сол
- 2 лажици маџун или мед
- 1 чаша замрзнати капини (малини,боровинки,јагоди....)или свежи
- 2 лажици чиа семе (или 2 ленено семе или 1 блендирана банана)
- по потреба и желба кокосово масло за премачкување на тавчето и за шмек
Подготовка
Во сад ставете го оризовото или бадемовото млеко и додадете го оцетот оставете ја оваа комбинација да одстои 10минути. Потоа додадете го чиа семето и оставете уште 5 минути. Во друг сад измешајте ги брашната, содата, прашокот за пециво и солта. Во оваа мешавина сега сипете ја мешавината од млеко, оцет и чиа и додадете 2 лажици маџун. Измешајте убаво и на керамичка или тефлонска тава за палачинки ставете малку кокосово масло по желба и нанесете во средина 2 лажици од смесата,формирајте круг и нанесете од капините или другото овошје. Печете 2 минути од едната страна и превртете ја палачинката печете уште 1-2 минути и извадете ја. Постапката овторете ја додека не ја истрошите целата смеса. Сервирајте по желба со слад, јас користев агавин сируп и комбинацијата верувајте е феноменална а здрава и за оние кои се на строга безглутенска диете (за жал, се почесто има и такви) па еве нешто безбедно а вкусно и за нив. Добар апетит!