Наместо шлаг во прав во тортата може да се користи 1 л. слатка павлака
1. Се мати 500 гр. шлаг со ладната кисела вода и се дели смесата на три дела.....јас изматив само 1 л.слатка павлака и целата смеса ја поделив на 3 дела и малку оставив и за одозгора.
2. Во првиот дел се ставаат мелените плазма бисквити и таа смеса се става врз тацна и се прави да биде кора.
3. Во вториот дел се става овошјето (јагоди,малини,крем бананчиња или како во мојот случај банани) и се става преку кората.
4. Во третиот дел од шлагот се става или капучино или еурокрем(јас ставив еурокрем) и оваа смеса се распоредува врз втората кора.
5. За одозгора* Се мати шлагот со киселата вода и со тоа се покрива тортата.
6. Тортата се става во фрижидер добро да се олади и се служи.

Оваа торта брзо се подготвува не се пече и е идеална за оние кои сакаат кремасти торти....Ч)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови