Обоени целуфки со чоколадо и карамел крем
1. Загрејте ја рерната на 150 степени.
2. Белките матете ги со миксер додека не добиете цврст снег, потоа полека во садот додавајте го шеќерот и матете додека смесата не стане цврста и светкава.
3. Смесата разделете ја во 3 сада, додадете во секој различна боја и промешајте.
Јас за боите овој пат користев прехрамбени бои во прав, но вие доколку имате гелни прехрамбени бои е подобро, целуфките од нив ќе добијат поинтензивна боја.
4. Смесата префрлете ја во готварски шприц и формирајте целуфки во тава за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за готвење.
5. Целуфките печете ги 1 час и 10 минути или додека не се исушат комплетно. Откако ќе бидат испечени оставете ги во тавата 20минути, па потоа извадете ги.
6. Чоколадото растопете го на пареа. Секоја целуфка со долниот дел мацнете ја во растопеното чоколадо и задржете една до 2 секунди. Вака целуфките оставете ги да се изладат врз мрсна хартија или хартија за печење.
Подготовка на карамел кремот
1. Шеќерот и водата додадете ги во тавче на оган да се карамелизират, потоа тргнете го тавчето од оганот и додадете 2 лажици слатка павлака (шлаг крем) во карамелот и промешајте. Оставете убаво да се излади.
2. Шлаг кремот изматете го, додајте ги карамелот и естрактот и матете уште додека не добиете густа смеса.
3. Смесата префрлете ја во готварски шприц и нанесете ја врз целуфките.
4. Од преостанатото растопено чоколадо декоријајте ги најодозгора.
Препорака
Како сто спомнав, ако сакате поинтензивни бои користете гелни прехрамбени бои, јас овој пат немав и ги направив со прехрамбени бои во прав.
За поуспешен карамел би ви предложила додека се карамелизира шеќерот да не мешате со лажица оставете го така нека врие.
Се надеваме дека ќе ви се допаднат.
Лиценца: Сите права се задржани