За оние кои уживаат во вкусот на смокви (како мене) еве еден рецепт за експрес обланда за која не се потребни повеќе од 15-тина мин. Подготовката оди вака

Шеќерот со малку вода (колку да го залее) се става во сад на оган да зоврие и да се добие густ шербет како за слатко. Кога ќе се добие густината се трга садот на страна и во него се додаваат исецканите смикви, ореви и рум. Со оваа смеса се филува првата обланда од кај грубата страна. Јас сакав да ја правам повисока па составив од 2 листа три слоеви на обландата. Ако правите само со два листа мачкате фил врз него вториот лист обланда со мазната страна нагоре и оставате да излади. Чоколадото искршено на парченца се топи на пареа и со него се прелива обландата. Од кога е убаво стегната се сече во форми по желба.

Забелешка-Ако смесата е ретка почекајте да се подолади, па потоа филувајте, со ладењето ќе се згусне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови