6
фев
2023
Најлесниот начин за печено ребро
Во тавата каде ќе се пече се става јадра морска сол.
Ребрата, претходно исечени на големини и форми како вие сакате, ги наросуваме со сол лук во прав и свежо мелен црн бибер.
Тоа го правиме дваесетина минути порано, малку месото да прими од зачините. Така спремното месо, го редиме врз солта и го покриваме тавчето со алуфолија.
Ставаме да се пече околу еден час на 180 степени.
После 40 минути ја вадиме алуфолијата да зарумени убаво маевцето.
Служиме со печен компир кој го испеков со лушпа.
Ова ви е најлесниот и еден од највкусниот начин за печено ребро.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови