Најлесниот начин за печено ребро
Состојки
- 1кг свежо свинско ребро
- 200гр јадра морска сол
- 1лажиче свежо мелен црн бибер
- 1/3лажиче лук во прав
Подготовка
Во тавата каде ќе се пече се става јадра морска сол.
Ребрата, претходно исечени на големини и форми како вие сакате, ги наросуваме со сол лук во прав и свежо мелен црн бибер.
Тоа го правиме дваесетина минути порано, малку месото да прими од зачините. Така спремното месо, го редиме врз солта и го покриваме тавчето со алуфолија.
Ставаме да се пече околу еден час на 180 степени.
После 40 минути ја вадиме алуфолијата да зарумени убаво маевцето.
Служиме со печен компир кој го испеков со лушпа.
Ова ви е најлесниот и еден од највкусниот начин за печено ребро.
Нека ви е слатко.