Мухлама (турски специјалитет)
Ова е класичен Турски доручек, со единствен вкус и текстура, кој првпат го правам и пријатно се изненадив. Брзо се припрема, одлично оди со чаша јогурт или со кисело млеко. Топло ви го препорачувам за брз и вкусен појадок.
Подготовка
1. Во сад го ставаме путерот на средна температура да се растопи.
2. Потоа го додаваме пченкарното брашно, пржиме мешајќи со дрвена лажица неколку минути, додека да ја промени бојата.
3. Додаваме вода, ја намалуваме температурата, мешаме енергично кратко, да се згусне. Посолуваме по вкус.
4. На крај го додаваме кашкавалот (рендан), мешаме да се растопи.
5. Сервираме веднаш. Одозгора, јас по мој вкус, наросив малку црн бибер и мелена сол.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
кога тврдите работи се бројат во лажици за мене тоа е некако безмерка. како и да е, убаво е да се знае грамажата. јас секако следен пат ќе го имам ова во предвид
битно е дека уживавме во оборокот