Ѓозлеме-турски специјалитет
Од сите наведени состојки за тесто се замесува средно тесто.
Се остава да одмори 20 мин..
Потоа се дели тестото на 12 топчиња, кои се покриваат и оставаат да одморат 1 час.
Секое топче се отвора во кора со пречник од 25 цм..
Над една се става салама и кашкавал и се поклопува со друга коричка.Се притиска со прсти, убаво да се затвори и вишокот на тесто се отсекува.
Значи се добиваат 6 ѓозлемина.
Се печат на загреана тефлонска тава.
Прво од едната страна, па од другата и уште еднаш-два пати се превртуваат убаво да се испечат.Кога веќе се готови од едната страна, уште во тавата се премачкуваат со путер, па се вадат на чинија и се премачкуваат и од другата страна.
Ние уживавме во оваа вкусотија....)))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Najcesto spanac i feta
Vkusno i tvoeto