Испечати

Мухлама (турски специјалитет)

Мухлама (турски специјалитет)

Состојки

  • 3 г.л. Путер
  • 3 г.л.(рамни) Пченкарно брашно
  • 300 мл Вода (топла)
  • 150-200 гр Кашкавал
  • малку Сол
  • Плус за наросување малку црн бибер и мелена сол

Подготовка

Ова е класичен Турски доручек, со единствен вкус и текстура, кој првпат го правам и пријатно се изненадив. Брзо се припрема, одлично оди со чаша јогурт или со кисело млеко. Топло ви го препорачувам за брз и вкусен појадок.

Подготовка

1. Во сад го ставаме путерот на средна температура да се растопи.
2. Потоа го додаваме пченкарното брашно, пржиме мешајќи со дрвена лажица неколку минути, додека да ја промени бојата.
3. Додаваме вода, ја намалуваме температурата, мешаме енергично кратко, да се згусне. Посолуваме по вкус.
4. На крај го додаваме кашкавалот (рендан), мешаме да се растопи.
5. Сервираме веднаш. Одозгора, јас по мој вкус, наросив малку црн бибер и мелена сол.

На здравје!