Мусака по мој вкус
Бидејќи јас не сакам црвен пипер, како замена користам куркума, која на јадењето му дава посебен вкус и црвенкаста боја. Ова е лесен, брз и евтин рецепт за мусака, а сепак многу, многу вкусен.
Компирите ги лупиме и ги сечеме на танки тркалца.
Кромидот ситно го сечкаме и го пропржуваме додека да омекне, а потоа го додаваме меленото месо и зачините и пржиме додека не ја промени бојата.
Тепсијата за печење ја намрсуваме со масло и и ги редиме тркалцата компири. Над нив го истураме месото и повторно редиме компири. Налеваме млака вода колку да се покрие горниот ред со компири и ставаме да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени.
По 15 минути ја ваѓаме тепсијата и полеваме со изматените јајца, кои малку сме ги посолиле и повторно ставаме да се пече околу 30тина минути на 180 степени.
Послужете со свежа зелена салата.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови