
29
ное
2015
Мусака
Ситно исечканиот кромид ставете го да се запржи, додајте го месото, нека се запржи и тоа, зачинете го и додајте му го сосот од домати.
Компирите исечете ги на тенки ливчиња и ставете во тава намачкана со масло еден ред, па одозгора ставете го месото, па уште еден ред компири.
Прелијте ги со јајцата кои сте ги изматиле заедно со млекото и водата.
Ставете ја тавата во загреана рерна, а одозгора покријте ја со фолија или капак. Пред крајот извадете ја фолијата и оставете ја да се допече, да добие коричка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови