
10
мај
2013
Мус од туна и крем сирење
Туната исцедете ја од маслото и ставете ја во подлабок сад.
 Убаво со вилушка испасирајте ги парчињата туна и додајте ги сварените жолчки и крем сирењето.
 Убаво измешајте да добиете мазна смеса.
 Додајте ги ситно сецканите перца млад кромид, по желба може да посолите и додајте од маслото од конзервата.
 Измешајте ја уште еднаш смесата и послужете со интегрални, а може и обични крекери.
 Ако не ви се наоѓаат крекери одлично ке одат и со препечено лебче.
Лиценца: Сите права се задржани




























