Испечати

Мус од туна и крем сирење

Мус од туна и крем сирење

Состојки

  • 200гр. туна од конзерва( во парчиња)
  • 100гр. крем сирење
  • 2 сварени жолчки
  • 3 перца од млад кромид
  • по потреба сол

Подготовка

Туната исцедете ја од маслото и ставете ја во подлабок сад.
Убаво со вилушка испасирајте ги парчињата туна и додајте ги сварените жолчки и крем сирењето.
Убаво измешајте да добиете мазна смеса.
Додајте ги ситно сецканите перца млад кромид, по желба може да посолите и додајте од маслото од конзервата.
Измешајте ја уште еднаш смесата и послужете со интегрални, а може и обични крекери.
Ако не ви се наоѓаат крекери одлично ке одат и со препечено лебче.