Ставете ги водата и шеќерот да зовријат 5 мин.
Додадете го маргаринот исечен на парчиња и мешајте додека се растопи, па тргнете го садот од шпоретот.
Додадете го и млекото во прав и со помош на миксер добро измешајте ја смесата, па поделете ја на 2 дела.
Во едниот додадете стопено бело, а во другиот црно чоколадо.
Долгунест правоаголен, коцкест или триаголен калап обложете со леплива најлон фолија и сипете наизменично од двете смеси.
Оставете да се здрви (не треба многу време) па сечете на парчиња и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани