8
ное
2012
Млечни колачи
Ставете ги водата и шеќерот да зовријат 5 мин.
Додадете го маргаринот исечен на парчиња и мешајте додека се растопи, па тргнете го садот од шпоретот.
Додадете го и млекото во прав и со помош на миксер добро измешајте ја смесата, па поделете ја на 2 дела.
Во едниот додадете стопено бело, а во другиот црно чоколадо.
Долгунест правоаголен, коцкест или триаголен калап обложете со леплива најлон фолија и сипете наизменично од двете смеси.
Оставете да се здрви (не треба многу време) па сечете на парчиња и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани
хахаха денес саде грешки сум, на се ја утнувам... и почнав да си се осеќам како гугл транслејт сама на себе :))))))))))))))))))
знаеш, хемија фрикови :) :) :) :)
а како му се намерачив на рафаелото, ама ќе го гледам само :) :) :) :)
Мислев тоа млеко за доенчиња е нешто повеќе од она во прав. Ама, ете, Лудо имаш решение сега и за млеко во прашина ;)
Инаку, твоите на сликата изгледаат прекрасно!
ах, да! уште ова:) однесов на пријатели и една од нив ми рече дека многу ја потсетуваат на агрокрем таблите. Кога ги направив имавме и други сладурии по дома па поголемиот дел го замрзнав во фрижидерот и после одмрзнување и можеби дека стоеше навистина потсетува на вкусот на тоа табла чоколадо, ама на оној белиот дел, а на почетокот и јас помислив дека толку густо млечни се тешки за јадење... некако веднаш наситуваат. следна прилика ќе намалам млеко во прав и ке пробам во црниот дел да вметнам мелени лешници, чисто само да видам дали ќе го доловам поблиску вкусот на агрокрем чоколадата :) Позз