За овој едноставен ручек не ни се потребни многу состојки, а и брзо и лесно се прави.
Кромитчето го сечкаме и го ставаме да се пропржи на масло. Во него ја ставаме сечканата зелка и таа малку да се пропржи. Ги ставаме зачините, промешуваме и ги ставаме состојките во тава за печење.
Месото од батакот го сечкаме на парчиња и заедно со коската го ставаме во тавата со зелка. Налеваме вода 2-3 шољи и печеме на 220 степени додека да омекне убаво зелката.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани