Милк коцки
1. Најпрво се подготвува кората. Белките се одвојуваат од жолчките, со миксер се матат белките со шеќерот во цврст снег, потоа се додаваат и жолчките, откако убаво се изматат се додава се останато брашно, презла, какао, мелени ореви, топлата вода и 1/2 пециво и кратко со миксер на најслаба брзина се измешуваат сите состојки. Сместа се истура во плех од електрична рерна кој предходно е намрсен и набрашнет. Кога ќе се испече кората се полева со 100 мл. благо и топло млеко.
2. Потоа се подготвува белиот фил. Во 100 мл. млеко се раствора густинот. Во сад се ставаат преостанатото млеко и шеќерот да зовријат. Откако ќе зоврие се истура предходно растворениот густин. Откако ќе се свари густинот (ќе се згусти) се трга настрана и се додава белата чолада раскршена на парчиња и се брка да се растопи чоколдата во врелиот густин. Потоа се остава да се олади, со повремено мешање да не се створи коричка. Маргаринот убаво се изработува и се меша со изладениот густин.
3. И на крај се подготвува црниот фил. Се матат 2 шлаг пени со млекото во цврст шлаг. Темната чоколада се растопува и оладена се меша со шлагот.
Кората се филува прво со белиот фил, а потоа и со црниот, се декорира по желба. Јас ставив малку мелени ореви. Потоа се става во ладилник да се стегне, па се сече колачот на коцки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
сањО, фоткава е убава, ама ај следниот пат не му застанувај на пат на светлото и апаратот малку подоле симни го, да биде златна средина, ни премногу одозгора, ни премногу доле. супер е што се гледа само чаршав, па коцките се најубавото нешто на сликата :)