Се замесува тесто од брашното, зејтинот, јајцата, стасаниот квасец со млекото, шеќерот, изрендана кора од портокалот и ванилите. Тестото се остава да стаса, а потоа се размесува. Додека стасува тестото сувото грозје се попарува со вриена вода, се цеди и се става во сокот од портокал.Стасано тестото се дели на 4 топки, а секоја од нив на три. Од трите топки се прават тенки јажиња, се става по средината суво грозје и се плетат плетенки. Се оставаат да стасаат и се премачкуваат со изматено јајце со 1лажичка шеќер во прав. Се оставаат да стасаат и се печат во загреана рерна на 200степени околу 20мин и на 160 уште 20

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови