Мексичка салса (тако)
Секоја година по нешто дообработувам кај салсата и по некој нов тип за проба ова е годинашниот вкусен слабо пикантен мексички сос-салса како сакате.
Пиперките се чистат од семки и шишки, па се пржат во маслото, после се додаваат излупени доматите и сечени на коцки, кромидот на коцки, лукот заедно добро да се испржат до густина која вие ја сакате. Се додаваат сите зачини, секако можно е да си подесите по вкус за јачина, при крај на обработката се става сол, шеќер и киселина, време точно нема одприлика 1 саат можеби, ама сето тоа зависи од многу фактори. За сам финиш земете го пасерот и се добро измелете да се добие хомогена смеса која се тура во врели тегли загреано на 100 степени, откако ќе ги наполните, оставете ги во рерна да се ладат до нареден ден.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ама најважното си го заборавила да го напишеш,дека освен во манџи може и на лепче :))
Пред некој ден во леќата ставив едно тегленце,не можам да ти опишам колку фантастична беше