Мексичка салса (тако)
Состојки
- 4кг. црвени домати
- 1кг. ками црвени
- 8 парчиња везени пиперки
- 2 главици кромид
- 2 главици лук
- 250гр. масло
- 1 лажица сол
- по 1/2лајче оригано, мускатно оревче,чили,кумин
- 1 лажица свеж сечкан босилек
- 100гр. киселина
- 2 лажици шеќер
Подготовка
Секоја година по нешто дообработувам кај салсата и по некој нов тип за проба ова е годинашниот вкусен слабо пикантен мексички сос-салса како сакате.
Пиперките се чистат од семки и шишки, па се пржат во маслото, после се додаваат излупени доматите и сечени на коцки, кромидот на коцки, лукот заедно добро да се испржат до густина која вие ја сакате. Се додаваат сите зачини, секако можно е да си подесите по вкус за јачина, при крај на обработката се става сол, шеќер и киселина, време точно нема одприлика 1 саат можеби, ама сето тоа зависи од многу фактори. За сам финиш земете го пасерот и се добро измелете да се добие хомогена смеса која се тура во врели тегли загреано на 100 степени, откако ќе ги наполните, оставете ги во рерна да се ладат до нареден ден.