Мекици за внуката
Квасецот се става во млаката вода да стаса. Се додава и 1 лажица шеќер и 2 лажици брашно.
Одкако ќе стаса се замесува меко тесто со јајцата, брашното, млекото и зејтинот. Тестото убаво се меси додека се добие мазно тесто .
Повлечете со рака од тестото и ако не се кине или двои тогаш е добро. Вака подготвеното тесто оставете го да стасаува околу 40 минути (се разбира тоа зависи од температурата во просторијата, ако е потопло времето се скратува)
Стасаното тесто се премесува и се остава да одмори, да стаса уште еднаш.
Во подлабока тава се истура зејтинот и се става да се загрее. Од тестото со намрсени раце се откинуваат топчиња кои се развлекуваат на рака и се пржат.
Вака подготвените мекици се служат со сирење, а може и со мармалад.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
А мекиците, супер се :)))
Со голема радост ви соопштуваме дека нашата драга Дани стана баба на прекрасно девојче.
Како што доликува, прославуваме со мекици.
Нека ни е здраво и живо најмалото внуче! <3
Меркициве многу убави ги направила бабава :) Поздрав