Спремете го квасецот со водата, шеќерот и малку брашно и оставете го да стаса.
Потоа со останатите состојки замесете тесто. Регулирајте со брашното и ако е потребно придодадете уште малку и оставете го на топло да одстои.
За тоа време припремете го филот. Изматете го путерот и постепено додавајте го јајцето, па ситно дробеното сирење и павлаката.
Тестото поделете го на 2 дела и секој расукајте го танко во правоаголна форма. Премачкајте со филот, кој исто така сте го поделиле на 2 дела и свиткајте го во ролат. Сечете парчиња со дебелина од 2 см и редете ги на плех обложен со пек хартија со сечената страна на горе. Одозгора наросете со сусам.
Печете на 200 степени додека на поруменат.
Овие полжавчиња поради путерот остануваат долго време меки и вкусни за јадење.

Нешто во врска со филот...
Во составот е пишано 1-2 јајца. Рецептот се води со 2 јајца, но јас додадов 1 јајце и 1 жолчка и филот ми дојде многу течен. Во мојот случај и маргаринот поради вискоите температури беше на повеќе од нормалната собна температура, па можеби и тој имал улога за густината на филот. Затоа, на вас е колку ќе употребите 1 или 2. Но, иако ви испадни потечен филот (како во мојот случај) не се обесхрабрувајте, продолжете си ја работата, бидејќи на крајот кога ќе се испечат нема никакви последици-излегуваат супер полжавчиња. Впрочем, отценете и сами по сликата.
Добар апетит, уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови