Меки полжавчиња со сирење
Спремете го квасецот со водата, шеќерот и малку брашно и оставете го да стаса.
Потоа со останатите состојки замесете тесто. Регулирајте со брашното и ако е потребно придодадете уште малку и оставете го на топло да одстои.
За тоа време припремете го филот. Изматете го путерот и постепено додавајте го јајцето, па ситно дробеното сирење и павлаката.
Тестото поделете го на 2 дела и секој расукајте го танко во правоаголна форма. Премачкајте со филот, кој исто така сте го поделиле на 2 дела и свиткајте го во ролат. Сечете парчиња со дебелина од 2 см и редете ги на плех обложен со пек хартија со сечената страна на горе. Одозгора наросете со сусам.
Печете на 200 степени додека на поруменат.
Овие полжавчиња поради путерот остануваат долго време меки и вкусни за јадење.
Нешто во врска со филот...
Во составот е пишано 1-2 јајца. Рецептот се води со 2 јајца, но јас додадов 1 јајце и 1 жолчка и филот ми дојде многу течен. Во мојот случај и маргаринот поради вискоите температури беше на повеќе од нормалната собна температура, па можеби и тој имал улога за густината на филот. Затоа, на вас е колку ќе употребите 1 или 2. Но, иако ви испадни потечен филот (како во мојот случај) не се обесхрабрувајте, продолжете си ја работата, бидејќи на крајот кога ќе се испечат нема никакви последици-излегуваат супер полжавчиња. Впрочем, отценете и сами по сликата.
Добар апетит, уживајте!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Лиле, не верувам дека ти ќе избегниш тесто, па ти си мајстор за тоа ;) А и вчерашната молба до времето малку да снижи со пеколните температури ми е услишена хехе не е сега така жешко ;). Освен првото одстојување, повеќе не се чека а и со сечење се вадат формите, некако брзо оди ми се чини, па дури и печењето. Со готови кори нема да е исто, а и филот ми се чини дека е пристојно течен, па што знам како би одело тоа... ама, како беше онаа емисијата „а шта не би могло“ :) ... коге ќе се намери нешто, се се можи ;)
Нека ви се на здравје, а твојот Срцак не верувам дека не го сторил тоа веднаш, но ако изумил, ти должи еден бакнеж сега по моја нарачка-за својата супер вредна женичка.
голем поздрав и уште еднаш голема благодарност до тебе :*
Фала ти за споделениот рецепт! Јас ветувам дека уште многу пати ќе ги правам. :)
Фала ти. Искрено ги препорачувам зошто се навистина меки и вкусни. Ете и Клара да ја израдувам, дека не и е заборавен рецептот. :))
Мило ми е што ти се допаднаа полжавчињата и што си ги забележала :) Јас и погоре кажав, дека овие ми се едни од, ако не и најмеките до сега пробани. А сликите сами си кажуваат колку ефектни ти се погодиле и тоа во 4 на утро ;) Јас да бев во тоа време, ако не извадев тули, тогаш сигурно од заспана во умот куќата ќе ја запалев хахаха... Фала ти на испробувањето и дојавата, баш пријатно ме израдува во овие касни саати, па задоволна ќе одам да спружам една хоризонтала ;)