Пица, ама во поинакво руво и со екстра егзотичен вкус.

1. Брашното, шеќерот, сода бикарбоната, киселата вода, циметот, 1 лажица мед и малку прехрамбена црвена боја, ги матиме со миксер.
2. Тестото го истураме во поголемо тавче, намрсено и набрашнето или пак ако имате Делимано силиконска тава не ставате ништо како подлога, а тестото поделете го за две пици.
3. Одозгора врз тестото ги нафрлате сецканите лешници, бадеми и суви смокви.
4. Печете на 200 степени.
5. Овошјето го сецкате и го ставате со цедениот лимон во тенџере на оган. Неколку минути го проварувате. При крајот додавате 1 лажица мед и малку ѓумбир во прав. Треба целиот сок од лимон да испари.
6. На изладената пица го додаваме овошјето, фино го распоредуваме, рендаме малку бело и црно чоколадо и попорскуваме со мед.

Забелешка
Одозгора може да додадете и свежо овошје. Инаку за прв пат ја користев Делимано силиконската тава и по навика како и кај сите тавчиња ја намрсив и ја набрашнив, ама видов дека нема потреба, па следниот пат кога печев во нејзе не ја премачкував.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови