Медена торта
1. На пареа ги матиме маргаринот со медот, шеќерот во прав и јајцата.
2. Додека е масата уште топла го додаваме брашното и содата. Со раце добро го изработуваме тестото и го саваме во плех од шпорет намачкан со маргарин и просеан со брашно. Кората добро ја распоредуваме со раце и ја ставаме да се пече во загреана рерна на 180 Ц. околу 10 мин. додека кората благо не порумени.
3. Кога кората е печена одма ја сечеме на 3 ленти и ја оставаме на страна.
4. Фил* Од 1 л.млеко оставаме малку на страна и внатре ставаме 10 лажици гриз и добро промешуваме. Преостанатото млеко го ставаме да се вари и кога ќе зоврие го ставаме гризот и вариме крем со постојано мешање. Го тргаме на страна и го покриваме со целофан за да не ни фати гризот кора одозгора и го оставаме да се лади.
5. На страна матиме 1 маргарин со 250 гр. шеќер и го ставаме во ладниот крем од гриз и се заедно матиме со миксер.
6. На страна ја матиме слатката павлака само малку оставаме за одозгора за украс а другото го ставаме во филот од гризот и се добро матиме со миксер.
7. Секоја лента од тестото ја филуваме со филот и на крај целата торта ја премачкуваме, а одозгора украсуваме со преостанатата изматена павлака.
Оваа торта треба да отстои едно 2-3 дена пред да се сервира за да можат корите убаво да омекнат и да попримат од филот и колку повеќе стои толку е поубава и помека.......Може тестото за кора да се подели на 3 дела и да се испечат оделно во округла тепсија(како кај мене)ако сакаме тортата да има округол облик.....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
немашанси да ја дочекаме. ќе треба да направам еден тон други јадења за да ги деконцентрирам од фрижидерот ЦЕЛИ ДВА ДЕНA :) :) :) :)