23
сеп
2015
Мармалад штрудлички од лиснато тесто
Тенко расучете го лиснатото тесто. Исечете траки од пократката страна со ширина помала од педа.
На секоја трака на премачкајте најпрво со тенок слој мармалад, па поросете со мелени бисквити (количината на бисквитите одокативна во зависност од густината на мармаладот) и на крај посипете рум шеќер или цимет шеќер. Од подолгата страна завиткајте во ролат.
Наредете ги во намастен плех, одозгора премачкајте ги со разматена жолчка и печете ги на 210С додека убаво не поруменат.
Лиценца: Сите права се задржани