Испечати

Мармалад штрудлички од лиснато тесто

Мармалад штрудлички од лиснато тесто

Состојки

  • 300 гр лиснато тесто
  • 4 лажички мелени бисквити
  • 1 пакување рум или цимет шеќер
  • жолчка за премачкување
  • 4 големи лажици мармалад

Подготовка

Тенко расучете го лиснатото тесто. Исечете траки од пократката страна со ширина помала од педа.
На секоја трака на премачкајте најпрво со тенок слој мармалад, па поросете со мелени бисквити (количината на бисквитите одокативна во зависност од густината на мармаладот) и на крај посипете рум шеќер или цимет шеќер. Од подолгата страна завиткајте во ролат.

Наредете ги во намастен плех, одозгора премачкајте ги со разматена жолчка и печете ги на 210С додека убаво не поруменат.