Мармалад од лути пиперчиња
Пиперчињата се мијат и се чистат од дршките и од семките. Се мелат на машина или се вситнуваат со блендер во паста.
Во поголемо тенџере се меша оцетот со шеќерот. Се остава да зоврие на средно силен оган, повремено мешајки да се растопи шеќерот, па се вари петнаесетина минути.
Се додаваат пиперчињата и се вари со повремено мешање околу 1 до 1 1/2 час да се добие густина како мармалад. Повремено се распенува.
Мали теглички се загреваат во рерната на 100Ц. Се полнат жешките тегли со жешкиот мармалад, се затвораат. Се оставаат превртени на капаците десетина минути, а потоа завртени на правата страна се оставаат да се оладат до крај.
Ова е слатко луто по вкус и многу добро оди со печено месо и со скара.
Да не испадни дека само јас немам ни еден рецепт за зимница, ама и да си останам доследна на себе, ви го предлагам овој рецепт :))))))))
Посебно за Вања и Бети, оти МНОГУ сакаат луто, ама баш луто :))))))
Лиценца: Сите права се задржани
Ama ke priznajs deka cest ti naprajv so receptot, duri epten :))))))))
Slusaj, sala na strana, odi tamu kaj pitata so filot so ne go sakam, nesto sakam da prasam :))
Dodusa, sin mi i maz mi se mnogu priemcivi za neobicna hrana, taka da toj problem e minimalen, ne deka go nema :))
Kako sto i napisav na Diana, mnogu lici vo vkusot na slatko lut sos, pa krajno, ke go potrosam za so kineska hrana, takva cesto pravam.
Mene mi ispadnaa tri mali teglicki, i edna ovaa na slikata, minijaturna, za slikanje:))
Fala ti za cestitkite :)
Voopsto ne ocekuvav ovoj ekstravaganten recept da bidi RD.
Ama kef mi e, fala mnogu Moi Recepti :))
navistina interesen sos bi rekla i ako imam vreme sigurno ke go napravam barem za tie sto sakaat luto:)
Овторам тегличката нестрпливо и прво што секогаш правам-мирисам. хммм... интересно. Морам да пробам. Спојот на вкусовите како 2 спротивни пола на магнетот :) Со сопругот пиеме кафе и прашува што е и му кажувам, го нудам и категорично ме одбива... но и него му останува во мисла каков е вкусот.. :) Јас седам и мерам максимум еден грам со лажичето-за проба.. носам до уста и вракам, премерувам, земам воздух, па испуштам... лижнувам и голтам цел грам...и тој :) ми ја граба лажичката молњевито од рака и вика ДАЈ! срка до пола од теглето и лапнува :))) (на гладно)- па, цел сок ми го испи потоа! Заклучивме дека, за тој што јади луто секако, одлично би се вклопило со месо на скара... :) Тој се уште чадеше кога замина од дома :))) а јас се уште се смеев и ликував :))) Е бидејќи цел грам пробав а пола саат раскаживав колку ми жежи јазикот (оти подолу не стигна да оди таа количина) сега јас ќе опишам какво е според мене на вкус. Прво каснување е благо пријатно и мами да го проголташ и само што си се „зафркнал“ почнува да гори - викајте пожарна!!! Добро бе чупе, што пиперчиња огнени ќе беа овие?? Ова мора мајка ми да го проба како професионален јадач на луто, па пак ке се навратам со приказна :)
Фала ти многу, мноооогу, се уште ми е рано за да се разјадам луто (планирам никогаш) :) но мислам дека супер ќе ми дојди ако си дозвилам да се изнервирам па на нервна база сркам цело лажиче ко ништо :)))))
доказ :)
A vidi kako dobro si slikala, tokmu ogneno da lici :)))
Ти не знаеш каква атракција си бев со твојот мармалад хехехе... за секоја прилика и не прилика со мене си го носев и настојував да го пробаат, а тие изненадени како и јас кога прв пат го видов овде рецептот, пробуваат од радозналост :) и оние кои се по лутото и оние како мене кои не се.... и можам да кажам дека ако сакаш некого да тестираш колку луто можи да изеди, ова е за тоа :))) Мајка ми и брат ми го пребендисаа и најмалку пола тегличе им оставив ним. Реакцијата на мајка ми беше: па не мора со месо ова, јас би си го намачкала на лепче. Јас: ама ти лути, кажи!? Таа: Не е толку луто, таман ми е мене :)))
Вчера го дојадувавме 2 дел од прасето и таму морав да те прикажам со мармаладот :) Само еден колега си мачкаше на месото од него, додека другите "паѓаа во несвест" колку е луто, а сепак убаво :)
Odma te zamisliv so teglata v canta :)))) Ete, vide, majka ti ko mene, misli deka e luticko, a ne ogan :))))
E mnogu mi e kef koga nesto ke mi bendisaat :)))))
V godina, zdravje, edna tegla za majka ti od mene :)))