Мармалад од лути пиперчиња
Состојки
- 1 кг црвени лути пиперчина
- 1 кг шекер
- 1 л 9% алкохолен оцет
Подготовка
Пиперчињата се мијат и се чистат од дршките и од семките. Се мелат на машина или се вситнуваат со блендер во паста.
Во поголемо тенџере се меша оцетот со шеќерот. Се остава да зоврие на средно силен оган, повремено мешајки да се растопи шеќерот, па се вари петнаесетина минути.
Се додаваат пиперчињата и се вари со повремено мешање околу 1 до 1 1/2 час да се добие густина како мармалад. Повремено се распенува.
Мали теглички се загреваат во рерната на 100Ц. Се полнат жешките тегли со жешкиот мармалад, се затвораат. Се оставаат превртени на капаците десетина минути, а потоа завртени на правата страна се оставаат да се оладат до крај.
Ова е слатко луто по вкус и многу добро оди со печено месо и со скара.
Да не испадни дека само јас немам ни еден рецепт за зимница, ама и да си останам доследна на себе, ви го предлагам овој рецепт :))))))))
Посебно за Вања и Бети, оти МНОГУ сакаат луто, ама баш луто :))))))