Еве еден морски рецепт, лесен и вкусен за летните денови. Свежи морски плодови кај нас може да се најдат во поголемите снабдени маркети, ако не можете да најдете свеж може да користите и замрзнат октопод.

Ако користите беби октопод расечете ги парчињата претходно исчистени, на половина убаво посолете ги од двете страни полијте ги со маслото, оцетот и лимоновиот сок врз нив нанесете го ситно исецканото лукче, а од другата страна наренданиот ѓумбир. Вака подготвените парчиња октопод оставете ги да одстојат во фрижидер околу 1 час. На вок тава ставете масло да се загрее и исечете на ситно 2 чешниња лук да се пропржат, потоа додадете го и виното, па во тоа ставете ги октоподите заедно со маринадата во која стоеја. Оставете ги да се динстаат околу 30 минути. За тоа време додадете малку зачин чили и доматен сос. Наросете со бибер и оставете да се динста на тивко уште 5 минути, додека не се згусне самиот сос.

Послужете го по желба. Во случајов јас го служев со нудли (оризови шпагети) и квалитетно бело вино. Уживајте во овој прекрасен вкус ако сте љубител на морска храна. Јас искрено едвај дочекав да го сликам па да седнам да уживам во јадењево. Поздрав од мене и добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови