17
јун
2013
Малина крем сладолед
Не знам за вас ама јас пред многу години кога го пробав овој сладолед за прв пат бев пријатно изненадена од вкусот.
Карактеристика е што не замрзнува сосема како останатите сладоледи, а за вкус е ист како и овошјето кое ќе го ставите, мојот сладолед поставен тука со малини.....
Во најдлабок сад кој го имате во кујна ставате се заедно и биете со миксер подолго да се образува крем и толку.
Готови сте.
Со ислкучок на капките одоколу кои ќе треба да се бришат (прска ненормално додека да се подзгусни) уживајте си откако ќе се излади едно 3 саати
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови