Макароните ставете ги да се варат во поголема количина солена зовриена вода.
Во тава на оган ставете го путерот, маслиновото масло, сецканото лукче и брокулите исечени на помали парчиња.
Откако брокулата ќе се запржи додајте ги школките и постепено додавајте од водата во која се варат макароните, се додека омекне брокулата.
Потоа додајте ја доматната салса.
Наросете малку мелен црн бибер и додајте ја сварената паста.
Ако има потреба додајте малку од водата во која се варени макароните.
Промешајте и послужете ја топла.

По желба при послужувањето може да посипете со пармезан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани