Лосос во кисел путер сос (може и посно)
Брзо, здраво и вкусно јадење. Може да го направите и во посна варијанта доколку путерот го замените со маргарин.
Чекор 1
Измешајте ги брашното, солта и мелениот црн пипер. Извалкајте ги парчињата лосос. Во тавче ставете малку масло, загрејте го и на не многу висока температура пржете го лососот.
Чекор 2
Во меѓувреме многу ситно исецкајте ги лукот, кромидот и магдоносот. Во истото тавче каде го пржевте лососот ставете ги лукот, кромидот, виното и сокот од лимонот (количината на лимонот зависи од тоа колку би сакале сосот да е кисел). Нека проврие неколку минути додека се намали количината на течност речиси за половина. Намалете ја јачината на ринглата. Путерот извадете го пред да го корситите. Додадете го исецкан на коцки. Мешајте додека не се растопи. Додадете ги солта, мелениот црн пипер и магдоносот.
Чекор 3
На крај се полеваат парчињата лосос со сосот додека е топол.
Ручекот е одличен во комбинација со чаша бело вино.
Бон апети!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови